Миле Бошњаковски нов портпарол на ВЛАДА

од Vladimir Zorba
214 прегледи
 Владата го назначи Бошњаковски за еден од двајцата портпароли. Аневска ќе ја разгледа  понудата .

Владата на попладневната седница го назначи поранешниот новинар Миле Бошњаковски за еден од двајцата портпароли на Владата на Р. Македонија.Бошњаковски е поранешен новинар во повеќе медиуми.

Од 2010 година работи како специјалист за комуникации и застапување во Фондот на ОН за население (УНФПА).

Претходно од 2005 до 2010 година работел како Директор за корпоративни комуникации во Т Мобиле. Една година (2004-2005) бил тренинг коориднатор на Едногодишната Школа за новинарство на Македонскиот институт за медиуми.

Како новинар работел во Канал 5 и во МТВ.

Во моментов е на постдипломски студии по Менаџмент на стратегиски комуникации, а дипломирал на Катдрата по Историја на Философскиот факултет во Скопје.

На социјалните мрежи голема возбуда  за тоа дека  и новинарката Јасминка Аневска ќе биде новиот портпарол на Влада.
Досегашниот уредник на вестите не Телма,  единствено ни посочи  дека таа ќе ја разгледа понудата за портпаролско место и дека уште нема донесено  конечна одлука.
Нејзините квалификации како магистер по човечки ресурси и долгогодишна новинарка кариера , како и кампањата „црвен телефон“ се активна дебата по социјалните мрежи.
На оваа функција во претходната влада беше Александар Ѓеоргиев кој на крајот од минатиот месец беше разрешен.