Миле Јанакиески не се појави пред Анктената комисија

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Осмата седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето е прекината откако членовите не го изгласаа дневниот ред, на кој единствена точка беше сослушување на сведокот, Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.

Image

Членовите на Комисијата од владејачката партија гласаа воздржано, а тројца членови од опозицијата гласаа „за“, додека останатите членови беа отстутни.

Поранешниот министер за транспорт и врски, до почетокот на седницата не јa известил Комисијата ни усно, ни писмено, кога би можел да даде исказ во врска со скандалот со прислушувањето.

Претходно на сведочење во предвидениот рок не се појавија ни поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ни шефот на кабинет на премиерот Мартин Протуѓер, ни поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Премиерот Никола Груевски  сведочеше вчера.

Како што образложи неодамна претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, за непојавување пред Комисијата не постои законска санкција, но според него, останува на овие политичари јавноста да им суди.

Од првиот круг предвидени сведоци останува уште сведокот Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии, кој своето присуство го најави за четврток, 17 декември.

За утре е закажана седница на Комисијата на чиј дневен ред треба да се најде формирање работни групи за посета на институциите кои се поврзани со прислушувањето.

Начелно е договорено да се  формираат две групи од по осум члена кои би ги посетиле Управата за безбедност и контраразузнавање, МВР и другите институции.