149
Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, била денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили, соопштија оттаму.
Поради тоа, во попладнево се случи блокада на тренинг кампот, а целта на собраните, според Маркетинг тимот на клубот, е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, се додава во соопштението.