19
Томас Милер собори голем рекорд и сега е играч број 1 во историјата на Баерн Минхен. Легендарниот напаѓач влезе како замена против Фрајбург (2:0) викендов и го забележа натпреварот број 710 со баварскиот тим.
Милер го собори рекордот на легендарниот голман Сеп Мајер, кој за Баерн има 709 натпревари. Трет во рангирањето е Оливер Кан, кој го чуваше голот на Баварците на 632 натпревари. Топ 5 ги комплетираат Герд Милер (613) и Франц Бекенбауер (584).
34-годишниот Томас Милер игра во првиот тим од својата 16-та година, а во клубот е од својата 11-та година. За 16 сезони освои 12 титули на Германија, шест пати Купот на Германија, како и два пати Лигата на шампионите.
Нормално, тој стана и светски шампион со Бундестимот во 2014 година.