Милер: САД работат на договор за нацрт-резолуција за пристап до помошта за Газа

од Radmila Tasevska
231 прегледи

Соединетите држави работат со другите земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за усогласување на отворените прашања поврзани со нацрт-резолуцијата со која се бара Израел и Хамас да дозволат пристап до помошта за Појасот Газа, соопшти денеска Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на брифинг со новинарите изјави дека Вашингтон целосно ја поддржува резолуцијата која ќе одговори на потребите на цивилите во Појасот Газа, но дека деталите од текстот се важни.

Советот за безбедност на ОН во понеделникот го одложи гласањето за нацрт-резолуцијата со која се повикува на „одржлив прекин на огнот“ во Појасот Газа за да се даде повеќе време за одговор на приговорите на САД.

Слични содржини