Милер со критики до секретарот за правда поради извештајот за Русија

од desk4
106 прегледи

Специјалниот обвинител Роберт Милер упати писмо до секретарот за правда и јавен обвинител на САД Вилијам Бар, во кое го критикува за резимето кое го изнесе пред јавноста од големиот извештај од истрагата за мешање на Русија во американските претседателски избори.

 

Малер речиси две години водеше специјална истрага за мешањето на Русија на претседателските избори во САД, по што го достави својот извештај до јавниот обвинител кој направи резиме за јавноста. Милер напиша во своето писмо дека резимето на Вилијам Бар „не го отсликува контекстот, природата и содржината на истрагата”.

Роберт Милер го изразил своето незадоволство од тоа како обвинителот ги презентираше своите заклучоци во извештајот во врска со можните врски помеѓу кампањата на Доналд Трамп и Русија, пренесува „Гардијан“.

Милер го напишал писмото на крајот на март, откако Вилијам Бар даде преглед од четири страници во кој тој во голема мера го ослободи претседателот Доналд Трамп од сомнението дека се мешал во истрагата и ја попречувал правдата.

„Сега постои конфузија во јавноста за критичните аспекти на резултатите од нашата истрага”, пишува Милер во писмото. „Ова се заканува да ја поткопа главната причина зошто Министерството назначи специјален обвинител – да се обезбеди целосна јавна доверба во исходот на истрагата, посочил Роберт Милер.