Легендата на Баерн (Минхен), Томас Мулер, исто така го критикуваше судењето по поразот од Реал Мадрид со 1-2 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
На крајот од судиското продолжение, судијата Шимон Марчинијак не призна гол за Баварците по ударот на Матијас де Лихт, откако неговиот помошник го подигна знамето за офсајд пред да чека да заврши нападот на Баерн.
„Тоа е многу чудно. Судијата не го ни погледна ВАР. Тоа се случува многу често во Мадрид. Имаше слични случаи со двата гола на Кристијано пред неколку години. Но, не треба да го обвинуваме судијата за нашиот пораз”. изјави Милер, цитиран од RMC Sport.
Мадриѓаните победија со вкупни 4:3 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се сретнат со Борусија (Дортмунд), која го совлада Пари Сен Жермен. Финалето е на 1 јуни на Вембли.
Томас Милер излезе на теренот во 85. минута од натпреварот и го израмни рекордот на поранешниот фудбалер и сегашен тренер на Барселона, Чави по број на натпревари за еден тим во Лигата на шампионите – 151.
По нив е поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас. (150 натпревари).