Милевски: Благодарност и до Мрме и до некои други играчи кои не се во репрезентацијата

од Nikola Popovski

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски им честиташе на фудбалерите и победата им ја додели нив.

„Прво, сакам да му се заблагодарам на претходникот Игор Ангеловски (Мрме), како и до некои други играчи кои не се во репрезентацијата. И тие се дел од овој успех. Честитки и до играчите за прикажаното. Дадовме брз гол, тоа ни ја олесни работата, затоа што практично стартувавме со 1-0. Но, ние не паднавме во ниту еден момент против сериозен ривал како Исланд и поседува потенцијал. Драго ми е што успеавме да ги израдуваме сите и да дојдеме до овој голем успех“, изјави Милевски на прес-конференцијата после натпреварот.

Селекторот кажа дека после победата над Ерменија и ремито на Исланд со Романија, му минала низ глава онаа 2017 година и пласманот на младата селекција на Европското првенство.

„На селекција како што е Исланд, на начинот како што игра во моментов да им дадеш три гола и да доминираш во секаков аспект, мислам дека не можеме да бараме нешто во моментов во тимот. Не се само напаѓачите задолжени за давање голови, тука се позади нив. Мора некој да ја донесе топката до нив“, изјави Милевски.

Слични содржини