Милевски: Бугарија бележи значителен напредок, Гибралтар не е истата селекција од претходно

од Nikola Popovski
352 прегледи

Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски по извлекувањето на групите за Лига на нации истакна дека Македонија мора да биде на максимално ниво за да бидеме конкурентни за првото место.

Според него, групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари.

-Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап, изјавил Милевски, а објави ФФМ.

Слични содржини