Преку промената на кровната конструкција, поставувањето на термоизолациона фасада, променет дрвен ентериер, нов повеќенаменски под, опрема, и нови врати и прозори, се овозможи отворање на мултифункционален простор наменет за одржување на културни манифестации и спортски натпревари за граѓаните од општина Лозово.
Објектот официјално го отворија министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Лозово Ацо Велковски, како и директорот на и Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и директорот на Вардарски плански регион, Игор Андреевски