Милевски: Единствен кој го кочи процесот за една изборна единица е Села

од Берта Китинска
230 прегледи

Сега сме најблиску до завршување на процесот, да добиеме една изборна единица. За жал, дел од политичките партии се колебливи во овој процес, нејасно зошто, рече вечерва претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Како што истакна Милевски во Дневникот на Сител ТВ, од симулациите кои може да се направат од последните избори дали ќе бидат шест изборни единици или една изборна единица со цензус укажуваат на тоа дека разликата меѓу бројот на пратеници е плус минус еден.

Милевски смета дека може да се најде консензус кај сите и тоа да биде една изборна едница со изборен праг од 2,5 отсто. Заговарањата, како што рече, се за два или три отсто.

-Мислам дека сите би се согласиле од 2,5 отсто. Единствен кој прави кочница во овој процес е Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Тука не би требало да се обвинува ДУИ и да се обвинува СДСМ, бидејќи такви се обвинувањата од опозицијата. ДУИ никогаш не рекле дека не разговараат, за нив е прифатлив моделот шест изборни единици, но, никогаш не рекле дека не се за една изборна единица. Тука се за да разговаат, изјави Милевски.

Слични содржини