480
Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Неможев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник, сподели лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба, тврди тој.