Го слушнав заклучокот на Советот на Општина Битола, со кое се бара од Владата, финансиски да помогне да се санираат штетите предизвикани од земјотресот, кој најмногу ја погоди Битола. За жал, надлежните од Советот, како единствен министер од Битола во Владата, не ме информираа за овој заклучок и истиот го слушнав од медиумите, информира министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
-Но и покрај тоа, давам целосна поддршка и сметам дека е логичен и оправдан овој став на Советот, донесен едногласно од сите советници.Веќе стапив во контакт со сеуште актуелниот премиер Заев, со првиот вицепремиер Груби и со вицепремиерот за економски прашања Битиќи.Сите се согласивме дека ова барање е легитимно, а санирањето на последиците од земјотресот се ургентни и затоа уште утре на седница на Влада ќе се разговара на оваа тема.Владата работи во интерес на граѓаните и поддршката за Битола нема да изостане!,соопшти Милевски.