Во своето гостување во 24 анализа, министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски, се осврна на локалните избори кои изминаа во Штип и Пласница, како и проектите кои се реализираат по средства добиени во соработка со земјите членки на ЕУ.
„Жалам што опизицијата не учествуваше на локалните избори во Штип и Пласница. Од пролет сметам дека ќе почнат клакулациите за претстојните локални избори и оттаму ќе се вжешти атмосферата помеѓу политичките партии. Моќта на локалната самоуправа треба да биде поделена и помеѓу советниците и за тоа да бидат платени. Што се однесува до средствата, соработуваме со ЕУ и поконкретно сега со Швајцарија. Се прошируваме со проектите и соработуваме со земјите членки на ЕУ. Што се однесува до ТАФТ, тие средства се наменети за општините“, посочи Милевски.
Стоилковски се обрати до Милевски за повлекувањето на Бочварски – најнеспособниот градоначалник, според него, и го запраша министерот зошто дел од проектите не се реализирани во општините.
„Изборите не се желба на премиерот Заев. Секоја година има некои избори и луѓето не можат да функционираат. Да нагласам, јас не трошам пари, јас како министер одобрувам проекти, додека средствата ги трошат општините. Оттаму, како министерство ќе предложиме измени во изборниот законик. За да можат општините да работат по првиот ден од завршувањето на изборите, а не да чекаат да се формира Влада“, одговори Милевски.