Милевски: ЛДП ќе има усогласен став со владините коалициони партнери за декларацијата за Гоце Делчев

од Берта Китинска
431 прегледи

Сите парламентарни и вонпарламентарни партии да ја поддржат декларацијата за Гоце Делчев и тоа да биде праг кој нема да може да се пречекори во преговорите со Бугарија, вечра побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за како што велат да се зачува симболот на македонскиот народ.

Тие на партиска трибина, истакнаа дека Гоце е Македонија и тој е нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ.

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски во изјава за „Локално“ вели дека ставот на неговата партија во врска со предложените црвени линии од страна на опозициската партија ќе бидат усогласени со коалиционите партнери.

-Во врска со декларацијата предложена од ВМРО ДПМНЕ партијата ќе има усогласен став со нашите владини коалициони партнери, вели Милевски.

Во врска со предлозите на евро пратеникот Илхан Ќучук, дека во преговорите треба да бидат вклучени и опозициите во двете земји , првиот човек на ЛДП вели дека неговата партија ги дели истите размислувања со бугарскиот европратеник.

-ЛДП ги дели истите размислувања, дека во работата на секторските групи и општо во преговорите со Бугарија свој импулс и конструктивен приод треба да дадат и опозиционите партии. Овие прашања се од национален интерес и вклучувањето на целокупниот државен потенцијал е од исклучително значење за да се дојде до решение зад кое ќе има национален консензус, вели Милевски. ​

Слични содржини