Милевски: Паметните еко зони во Скопје ќе допринесат ублажување на климатските промени

од Берта Китинска
325 прегледи

Иновативна еко зона е отворена преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој на предлог на Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со граѓанската организација „Гоу Грин”.

– Министерството за локална самоуправа континуирано поддржува проекти за ублажување на климатските промени во земјава во осум плански региони. Целта на проектот е создавање инспиративни јавни површини со еколошки иновации кои користат обновлива енергија и го прочистуваат воздухот, и со тоа поттикнуваат навики на еколошка одговорност кај граѓаните, свест и мотивација за придонес кон поздрава животна средина. Проектот е со вкупен буџет од 3.360.600 денари од кои 2.160.000 денари се обезбедени преку Министерство за локална управа и Швајцарската амбасада преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој. Само преку вакви иновативни проекти ние како Влада покажуваме дека се грижиме за животната средина а со тоа го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три Скопски општини, поточно првата е во рамки на Зоолошката градина која се наоѓа во Општина Карпош, другата локација е дел од плоштадот „Јадран” во Општина Центар детскиот Парк „Шопен” во Општина Кисела Вода.

На овие места се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен бежичен интернет и се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ја создаваат „Биди Зелен” зоната.

Зоните се поставени на стратешки локации со можност да се едуцираат и најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, обновливи извори на енергија и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија.

– Како што навлегуваме во третата декада од 21виот век, од исклучителна важност е да вклучиме иновативни одржливи решенија за подобрување на квалитетот на живот. Најважно е технолошкиот напредок и подобрувањата на квалитетот на живот да да водат кон остварување на социјалните и лични потреби на сите членови на заедницата,постарите лица, и лицата со посебни потреби, рече амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер.

Според неа поставување на иновативна урбана опрема ќе им помогне на градовите да создадат подобра, побезбедна и полесна околина за живеење. Швајцарија е долгорочно посветена да создава одржлива околина, што може да се види и во нашата Амбасада, ние поддржуваме еко проекти, и ги користиме нашите комуникациски платформи да промовираме одржлив начин на живот.

– Паметните клупи и Еко иновативните зони во целина пружаат дополнителна можност за младите да учат за обновливи извори на енергија, селектирање и менаџирање со отпад, да ги проверуваат временските податоци и да практикуваат одговорен и одржлив начин на живот.

Создавањето на еко иновативни зони преку комбинирањето на обновлива енергија, паметна технологија и селектирање на отпад е чекор напред во процесот на градење на одржливи заедници, појасни Сутер.

Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Љупчо-Кец Мицковски истакна дека со задоволство го реализирале еко-иновативниот проект заедно со Здружението Гоу Грин, а со тоа покажале дека приоритет им е животната средина.

– Проектот покажува како преку еко иновација граѓаните ќе ја користат обновливата енергија за секојдневните активности полнење на своите телефони. Исто така би сакал да истакнам благодарност до сите донатори но и до Фондот на холокауст на Евреите кои донираа дваесет јапонски цреши кои наскоро ќе расцутат и ќе ја красат оваа еко-зона. Горјан Нацевски, проектен менаџер од Гоу Грин.

Сектретарот на Општина Центар Маја Ралевска исто така се обрати на присутните и истакна дека воспоставување на зелената зона им е од особено значење и во иднина како Општина ќе продолжат да инвестираат во проекти кои се во интерес на граѓаните.

Слични содржини