Милевски: Владата треба да даде помош на општините и ЈП

од Берта Китинска
212 прегледи

Доведена е во прашање ликвидноста на јавните претпријатија, меѓутоа ние како министерство можеме само да го пренесиме нивното барање. Ние како министерство немаме финансии за тоа, ви кажав нашите средства се 1,5 милиони евра, што им ги доделуваме на општините, вели министерот за локална самоуправа, Горан Милевски кој посочува дека е во постојана комуникација со градоначалниците, но и со директорите на комуналните претпријатија, коишто се соочуваат со високите сметки за електрична енергија .

Тој рече дека Владата треба да донесе одлука за помош на општините и јавните претпријатија, а Министерството за финансии ако има средства или да се изнајдат, како и да се понудат некои поволности за општините и јавните претпријатија, со цел полесно да ја пребродат енергетската криза.

-Сепак основната клетка на комуникација на државата со граѓаните се општините и локалната самоуправа. Се разбира и јас поддржувам дека треба да изнајдеме механизам, заеднички, не само Владата, државата и локалните претпријатија, општините да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, бидејќи навистина оваа криза ќе ги удри сите, најмногу нас како граѓани. Ние живееме во градовите и имаме проблеми со осветлувањето, вели Милевски.

Слични содржини