ЛДП со своите постапки нема да ја загрози меѓународната позиција на државата и е во постојана комуникација со нашите европски пријатели, кусо одговри за „Локлано“, лидерот на ЛДП, Горан Милевски по изнесените информации дека „Алтернатива“ била известена оти на состанокот во Собранието за време на преговорите за новот мнозинство, требала да присуствува ЛДП наместо Левица.
Денеска во медиумите беа обајвени информации дека еден од 12-те пратеници на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива се очекува да го повлече потписот од иницијативата за изгласување на недоверба на владат
-Не измамија, ќе го повлечам потписот – рекол за ТВ 21 пратеникот од албанската опозиција, кој одлучил да остане анонимен.
Во меѓувреме, порталот Журнал објави дека пратеникот и генерален секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, нема да го поддржи новото парламентарно мнозинство, бидејќи во неа е Левица на Димитар Апасиев.