Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по мечот против Лихтенштајн и победата од 3-0, порача дека против Велс очекува сосема поинаков натпревар и сосема поинаков противник. Вели дека за мечот во вторник, мора фудбалерите да го направат тој „свич во нивните глави“. Информира дека од тоа што го видел во соблекувалната, нашите најдобри играчи веќе психички се подготвени за следниот противник.
-Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри и ќе се одмориме овие два дена. Тоа беше најважно да го видиме карактерот на играчите на ваквиот тип на натпревар и во вакви околности. Секој натпревар е нов предизвик, посебно овој денеска. Имавме одредени недостатоци на тактички план, но повеќето беше исполнето. Да, задоволен сум, рече кратко Милевски на прес-конференцијата во Вадуз.