Во рамки на своето гостување во 24 анализа, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, се осврна на пописот и посочи дека итно на С.Македонија и е потребен истиот, а меѓудругото беше согласен со Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ да бидат казнети сите оние кои ќе дадат лажни податоци на претстојниот попис.
„Пописот му е неопходен на државата, и жалам што ова се гледа како политичка, а не статистичка операција. Ние го чекаме пописот, за по него да направиме ажурирање на податоците за развојна политика. Ние немаме попис 20 години, а сакаме да одиме во ЕУ. Јас се согласувам да има казни за лажни податоци. Се согласувам и за тоа дека треба да ги знаеме бројките за Христијани и Муслимани, за развојната политика понатаму. Нас ни е важно да знаеме соодветни податоци. Јас бев сведок дека Заев е согласен со опозицијата за отпечаток од прст, но се произнесе дека нема време. Јас не сум за одлагање на пописот“, потенцираше Милевски.