Милијардер: Метаверзумот носи можности за инвестирање

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Метаверзумот е одлична можност за инвестирање, вели порториканскиот милијардер и бизнисмен Орландо Браво, цитиран од CNBC.

Браво, ко-основач и управен партнер на фирмата за приватен капитал Thoma Bravo, рече дека верува оти „метаверзумот“ е големиот збор за 2021 година.

„Ова е нешто во што може да се инвестира и ќе биде многу големо“, изјави Браво во интервју за медиумите.

Метаверзум е научно-фантастичен концепт во кој луѓето ќе носат некој вид паметни очила кои ќе им овозможат да работат, живеат и играат во виртуелниот свет. Во зависност од гледиштето, ова е или утописки сон или антиутописки кошмар.

Терминот стана попопуларен минатиот месец благодарение на ко-основачот на Facebook, Марк Закерберг, кој најави дека компанијата ќе го промени своето име во Meta и посочи дека ќе се фокусира на метаверзум.

Десетици други компании, вклучително и Microsoft, Roblox, Nvidia и британската Improbable, веќе се обидуваат да создадат софтвер и хардвер за поддршка на метаверзумот.

Тома Браво управува со повеќе од 83 милијарди долари средства и портфолио кое вклучува повеќе од 40 софтверски компании. Има инвестирано во играчи како што се компаниите за сајбер безбедност McAfee и Barracuda, како и во развивачот на софтвер за претпријатија Dynatrace.

Освен за метаверзумот, Браво е оптимист и за криптовалутите, откако поседува непозната количина на биткоини.

Слични содржини