162
Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Миликовиќ-Савиќ ги одбил понудите на Арсенал и Њукасл. Фудбалерот не бил задоволен од понудите на двата клуба, тврди Corriere dello Sport.
Англиските клубови понудиле околу 55 милиони евра за играчот од средниот ред. Раководството на Римјаните може да се согласат на сума од 70 мил.
Милинковиќ-Савиќ минатата сезона одигра 47 натпревари за Лацио, постигнувајќи 11 голови и 12 асистенции.
Договорот на 27-годишниот Србин со „римските орли“ истекува во летото 2024 година.