Милион луѓе во Вухан во карантин поради четири случаи на корона

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Близу милион луѓе во предградијата на кинескиот град Вухан, каде што многумина веруваат дека започна пандемијата на корона, се во карантин поради четири случаи на коронавирус.

На жителите на населбата Џиангсија им беше наредено да останат во своите куќи или станови три дена, откако беа откриени асимптоматски случаи на ковид, пренесе Би-Би-Си.

Кина има стратегија за нулта толеранција за ковид, која вклучува масовно тестирање, строги правила за изолација и „локдаун“, поради што бројот на смртни случаи е значително помал отколку во поголемиот дел од светот, пренесува „Танјуг“.

Во Вухан, град со 12 милиони жители, рутинското тестирање откри два асимптоматски случаја пред два дена, а потоа беа пронајдени уште два случаја преку следење на контакти и беше воведен „локдаун“.

Слични содржини