Милионер организираше вереничка прослава, а потоа шокираше со говорот: „Знам дека ме изневеруваш“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

Италијанскиот милионер Масимо Сегре (64) организираше прослава за веридбата со Кристина Сејманди (47) во неговата вила во Торино. Покани блиски пријатели и членови на семејството, а потоа направи нешто што ги остави сите, вклучително и идната невеста, во целосен шок.

„Сакам да ѝ дадам слобода на Кристина да сака. Поконкретно, дека сака друга личност, адвокат, за кој очигледно повеќе се грижи од мене. Драга Кристина, знам колку си вљубена во него. А знам и дека пред него си имала врска со мој познаник“, рече тој наместо љубовен завет.

Потоа почнал да покажува фотографии од неговата несудена сопруга со други мажи. Додека тој ги покажуваше сликите, Кристина панично се вртеше наоколу, а гостите со неверување гледаа се.

„Немојте да мислите дека ми е мило што пред сите вас испаѓам будала. Срцето ми е скршено“, додаде тој.

Тој ѝ рекол на својата партнерка да го однесе нејзиниот љубовник на Миконос, каде што требало да одат заедно, бидејќи патувањето веќе било платено.

Видеото ги преплави социјалните мрежи, по што Кристина доби смртни закани. Таа за „Тајмс“ откри дека ќе го тужи својот поранешен партнер за клевета. Таа е убедена дека тој го организирал снимањето на настанот, што Масимо го негира.

Слични содржини