Милионерка откри дека поради оваа грешка луѓето никогаш немаат пари во паричникот: „Секогаш ќе останете сиромашни“

од Nikola Popovski
84 прегледи

Во подкастот „The School of Greatness“, милионерката Коди Санчез, која е позната по тоа што дава деловни и финансиски совети, одговори на многу прашања и начини за постигнување успех, а еден одговор предизвика најголемо внимание на социјалните мрежи.

Коди Санчез на подкастот издвоила клучен совет што да избегнувате кога се финансиите во прашање и одговорот бил неочекуван.

Коди рекла дека една од најголемите грешки што ги прават луѓето е верувањето дека штедењето ќе им донесе богатство. Како што објасни таа, штедењето не е начинот на кој ќе станеме побогати, што подетално го објаснила во разговорот.

– Штедењето никогаш нема да ве доведе до богатство, ќе останете сиромашни или во која позиција и да сте во моментов кога се во прашање финансиите. Да, тоа е точно. Секогаш можете да заштедите и да се вратите на нула, нели? Можете да заштедите на храна, патување, се што може да ви донесе некои радости во животот, но, многу е полесно да заработите повеќе отколку да заштедите колку што ви треба.

Откако еднаш ќе научите како да заработувате, вие сте незапирливи, истакнала Коди.

-Не мислам дека некој ќе стане незапирлив со штедењето, напротив, станувате плашливи и опседнати, со тоа што гледате на што ќе заштедите. Многу е тешко да заработите пари ако сте опседнати со штедење. Многу, многу богати луѓе не размислуваат за штедење, додала таа и заклучила дека фокусот е на зголемување на финансискиот капитал, а не на неговата стагнација, односно на штедење и враќање во претходната финансиска состојба.

Слични содржини