Познатиот октоберфест фестивал за пиво почна денеска во Минхен по 184-ти пат. По традиција точно на пладне градоначалникот на баварската престолнина Дитер Раитер го отвори чепот на првото буре со посебен чекан и зборовите “О’цапфт ИС” ( “отворено е”), означувајќи го почеток на прославата. Премиерот на Баварија Хорст Зеехофер традиционално ја доби првата кригла пиво. Забележително е дека Раитер го отвори бурето со само два удари на чеканот.
Неколку часа пред отворањето пред главниот влез на фестивалот се изви долга опашка од луѓе. Се сладеа со кафе и други топли пијалаци, најистакнатите обожаватели на пивото уште во текот на ноќта се појавија во реонот Терезиенвиизе каде се павилјоните на пиварницата. Многумина од нив, вклучувајќи и странци дојдоа во баварската носија- жените во шарени фустани со престилки (дирндл), мажите – во кожени панталони (ледерхозен).
Оваа година Октоберфест поминува под засилени мерки за безбедност- на Терезиенвиизе е забрането да се внесуваат големи торби и ранци, контролата на влезовите е засилена . Редот се обезбедува со 650 полицајци или 200 повеќе од минатата година. Дополнителни безбедносни мерки, исто така, влијаеја на цените, вклучувајќи го и пивото.
Октоберфест обезбедува работа за околу 8.000 постојани вработени и 5000 дополнителни работници.