МИЛИОНСКА ВРЕДНОСТ: Колку чини прстенот со кој Афлек ја запроси Џеј Ло? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Медиумите веќе со недели пишуваат за смирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, а сите се надеваат дека актерот наскоро ќе ја запроси латино дивата. По прославата на нејзиниот 52-ри роденден и романтичниот одмор, вљубениот пар се врати во Америка.

Сите го очекуваат нивниот следен чекор, a ако Бен има намера по втор пат да клекне пред Џенифер, би можел да се помачи при изборот на прстен, бидејќи оној со кој првиот пат ја запросил, денес вреди дури 12 милиони долари.

Имено, 48-годишниот актер тогаш на четири години постарата пејачка ѝ подари розов дијамантски прстен со шест карати со потпис од Хари Винстон, а за тоа платил 1,2 милиони долари.

Се чини дека тоа била вистинска инвестиција бидејќи дијамантот денес вреди десет пати повеќе, пишуваат светските медиуми.

Не се знае точно каде е денес прстенот што го доби Џенифер пред речиси две децении, но нејзиниот поранешен публицист Роб Шатер верува дека никогаш не му го вратила на поранешниот вереник и сегашно момче Бен Афлек.

– Колку што знам, Џен никогаш не го врати прстенот. Затоа, ако нивната љубов оди во таа насока да се венчаат, таа веќе го има најубавиот прстен што некогаш сум го видел – заклучил тој.

Слични содржини