
Според воени извештаи, само 4 американски стратешки бомбардери Б-2 Spirit од вкупно произведените 21 се подготвени за итна воена употреба, пишува Militarytimes. Оваа состојба на стратешката авијација на САД го заостри вниманието на американските воени експерти кои со точност до единица знаат колку далечни бомбардери можат да се користат во евентуален конфликт со Северна Кореја.
Загрижува ситуацијата дека не само најскапите авиони, бомбардерите Б-2 во историјата на САД, чија (единечна цена изнесува 2,1 милијарди долари ) се во лоша сотојба туку и од 75 модернизирани бомбардери Б-52 само 33 се наоѓаат во технички исправна состојба, а од 62 бомбардери Б-1В се исправни само 25, пишува весникот.
Според извештаи на ВВС, најдобро подготвени за полетување се 3 бомбардери Б-2, кои се сместени во авиобазата Андерсон на островот Гуам. Постојат уште 7 кои се во различен степен на подготвеност.
Командата на ВВС не открива состојбата на останатите 11 летала, но раководството на американските воздухопловни сили признава дека во сегашниот момент се воено користење се подготвени не повеќе од половина авиони. Генерално, сепак, според претставници на ВВС “Бомбардерите се подготвени за секое развој на настаните”.