Милков: Луѓето со бугарска самосвест во С. Македонија се репресирани

од Nikola Popovski
194 прегледи

Шефот на бугарската дипломатија Никола Милков смета дека постои зголемување на тензиите во односите со земјава.

-Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неконзистентни со разбирањето и договорната основа. Се надевам дека ќе се вразумат во однос на фактот дека треба да размислуваат за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес, рекол Милков во интервју за бугарската БТВ.

Според Милков, во Северна Македонија постојат случаи во кои луѓе со бугарска самосвест се репресирани.

-Подготвени сме да им пружиме помош на луѓето со бугарска самосвест кога поднесуваат жалби до тамошните и европските судови. Повеќето од нив немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани затоа што во спротивно може да бидат скршени, додал министерот.

Тој обвинува дека „луѓето со бугарска самосвест во земјава се повикани во полиција или во обвинителство, со што се добива впечаток дека е подобро да молчат или да емигрираат“.

Слични содржини