Милков: С. Македонија ќе влезе во ЕУ кога ќе ги исполни условите од францускиот предлог

од Nikola Popovski
157 прегледи

Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков денеска го повторил својот став во однос на францускиот предлог-преговарачка рамка за Македонија и долгонајавуваниот влез на нашата земја во ЕУ.

-Бугарија има јасен став, кој се базира на она што ЕУ го одлучила во однос на нашиот сосед, а тоа е основата на таканаречениот „француски или европски предлог“. Овој предлог е прифатен од сите земји членки на ЕУ, прифатен е од Бугарија, но и од парламентот во Скопје, рекол Милков при посетата на Сандански.

-Кога ќе ги исполнат овие услови, тогаш нивниот пат кон членство е отворен, додал Милков.

 

Слични содржини