156
Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков денеска го повторил својот став во однос на францускиот предлог-преговарачка рамка за Македонија и долгонајавуваниот влез на нашата земја во ЕУ.
-Бугарија има јасен став, кој се базира на она што ЕУ го одлучила во однос на нашиот сосед, а тоа е основата на таканаречениот „француски или европски предлог“. Овој предлог е прифатен од сите земји членки на ЕУ, прифатен е од Бугарија, но и од парламентот во Скопје, рекол Милков при посетата на Сандански.
-Кога ќе ги исполнат овие услови, тогаш нивниот пат кон членство е отворен, додал Милков.