Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ повтори дека нема да поднесе оставка што е барање на опозицискиот Демократски фронт кој му постави услов на премиерот тоа да го стори до утре.

мило

„Ниту јас, ниту владата планираме да поднесеме оставка, бидејќи тоа би било неодговорно спрема граѓаните на Црна Гора кои ни дадоа поддршка на изборите“, изјави Ѓукановиќ за црногорската телевизија. Тој оцени дека суштина на уличните протести на Демократскиот фронт е оспорување на државноста на Црна Гора, нејзината политика и стратешките ориентации за интегрирање во НАТО и Европската унија.

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ ја обвини Русија дека дава поддршка на протестите во неговата земја во која опозицијата се обидува да го запре црногорското членство во НАТО.

-„Нема никакво сомневање по две соопштенија на министерството за надворешни работи на Русија дека руската политика е на страна на организаторите на протестите“, рече Ѓукановиќ во интервју за босанската телевизија ФТВ.

Ѓукановиќ предупреди дека моменталната состојба во Црна Гора е проблем кој не се однесува само на таа земја, туку на сите оние на кои им значи нејзиното членство во евроатланските институции.

Слични содржини