Милошевски: Некои од вработените во матичните служби земаат плата под минималната

од Берта Китинска
214 прегледи

Управата за матични книги од утре стапува во генерален штрајк, преку кој ќе побара да се донесе колективен договор на ниво на работодавач, линерано да се покачат платите и да се унапредат работните позиции, најавија денеска од Независниот синдикат на Управата за матични книги.

„Ние како независен синдикат на управата за водење матични книги сметаме дека треба да има линеарно покачување на платите на сите вработени во управата за водење матични книги, од причина што трошоците за живот во континуитет растат, а платите на вработените долги години наназад воопшто не се покачени дури одрдени вработени земаат под минимална плата“, истакна претседателот на Независниот синдикат на Управата за матични книги, Тони Милошевски.

Слични содржини