Милошоски ќе остане без безбедносниот сертификат?

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоскиби можел да оснае без сертификатот за безбедност, пишува ЦИВИЛ.

Ако внимателно се следи минатонеделната изјава на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, може да се каже дека се навестува дека Агенцијата ќе покрене постапка за да му се одземе безбедносниот документ на пратеникот.

За самиот безбедносен сертификат веќе постојат сомневања дека е добиен на незаконски начин. Имено, иако не го споменува со име, сепак, од содржината на изјавата на Димовски, станува јасно дека се работи за Милошоски.

„Се работи за поранешен министер, сегашен актуелен член на Собранието на РСМ и човек кој води една важна комисија. Но, кога малку проверивме, видовме дека има одредени изоставени важни податоци. Податоци за санкционирање во земја членка на ЕУ во поглед на интересни кривични прекршоци. Не споменувам имиња, како истражувачки новинари проверете за што се работи. Понатаму, како и што ќе се одлучува во однос на тој предмет и останатите предмети каде има пропусти, дополнително ќе ве информираме. Ако сте спремни да вперите прст во некој дали има морален кредибилитет и интегритет, да обвинувате дека злоупотребил службена положба затоа што потпишал предмет потпишан од 10 припадници на АНБ, од кои еден не ја завршил работата, а во исто време против вас се води судски процес за измама и злоупотреба на службена положба, треба да имате кредибилитет и образ за тоа“ – изјави Димовски алудирајќи на постојаните јавни прозивки на Милошоски кон него за издадениот пасош на Украинецот Онишченко.

Слични содржини