Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги интересираат договорите на сопругата на премиерот за фотоволтаици, ниту пак договорите за братот на Груби за купување на деловен простор. Нас не интересираат договорите кои што се плаќаат со пари од Буџетот. Оовој договор ќе чини до 2 милијарди евра. Јавноста има право да знае како се трошат овие пари, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференција во Собранието околу најавеното презентирање на Договорот со Бехтел и Енка.
Милошоски посочи дека осум пратеници од ДУИ имале увид во договорот.
-Инаку би требало да имаат надреални моќи за да изготват 8 предлог закони за измени кои ги покриваат штетите направени со незаконито дејствие при потпишување на Договорот. Владеачкото мнозинство со денешната координација се обидува да игра со формата на оваа тема. Ако договорот е таен, некој нешто крие. Ако некој нешто крие, има индиции за криминал и корпуција, кажа Милошоски на брифинг со новинарите.