Пратеникот Антонио Молошоски вечерва во расправата по експозето на премиерот на преодната Влада нагласи дека таа се избира во многу важен период за Македонија, период определен со товарот на политичката криза што некој ја создаде пред околу една година.
Милошоски во расправата порача дека ако досегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика не ги потпишат заклетвите, иако се должни, тогаш, Димитриев од вечерва нема да биде само премиер, туку ќе биде и министер за внатрешни работи, како и министер за труд и социјална политика.
– Оваа преодна Влада со поддршката на Собранието и очекувањата на граѓаните ќе успее на соодветен начин да ја надмине и да ја преброди политичката криза која треба да заврши со мирни, чесни, достоинствени и демократски избори кои ќе бидат израз на волјата на народот, подвлече Милошоски.
Вечерва Собранието на полноќ ги избра и замениците министри и дополнителни заменици минситри . Претходно донесена е одлука на 24 Февруари да стапи на сила одлуката за самораспуштање на парламентот, а за нов премиер на првата преодна влада на Република Македонија е избран Емил Димитриев од ВМРО ДПМНЕ. Избори се закажани за 25 Април оваа година, поради пто опозицијата повторно го напушти парламентот и донесе одлука да ги бојкотира изборите на 24 Април.