Милошоски: Ако проблемот со Бугарија е само Уставот, да поднесеме заедничка резолуција за македонскиот идентитет и јазик до ЕП

Милошоски: Отворена е понудата да поднесеме заедничка резолуција со Бугарија во ЕП за македонскиот идентитет и јазик

од Nikola Popovski
117 прегледи

Доколку Бугарија тврди дека проблемот со почетокот на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција до ЕП со која би се потврдила единственоста на македонскиот идентитет и јазик, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференција од седиштето на партијата.

Тој потсети дека премиерот Христијан Мицкоски им ја дал оваа отворена понуда на бугарскиот претседател Румен Радев и на бугарската влада.

-Ако единствената пречка за европската интеграција на Македонија е вклучувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не треба да биде проблем, заедно со соседна Бугарија, да презентираме резолуција со која би се гарантирал македонскиот идентитет и јазичната единственост, а воедно би се зголемила довербата меѓу Македонија и Бугарија.

 

Можеме веднаш да презентираме заедничка резолуција за зајакнување на меѓусебната соработка во оваа област и решавање на проблемот со започнување на европската интеграција. Дадената понуда од Мицкоски е отворена, вели Милошоски.

Сепак, додава дека постои доза на скептицизам дали ова барање ќе биде прифатено од официјална Софија, бидејќи изгледа дека некои нивни владини претставници имаат задни намери, односно дека отворањето на Уставот може да биде само почеток за други барања и изговори за идни блокади.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера понуди иницијатива за заедничка резолуција со Бугарија во ЕП, со која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Со тоа, смета дека конечно би се ставил крај на отворените прашања и недоразбирања што со години го оптоваруваат европскиот пат со Северна Македонија.

Според него, суштината не е во вметнувањето на неколку стотици граѓани во Уставот, а при неговите посети на Брисел се обидувал да ја претстави сржта на проблемот кој трае со децении.

Слични содржини