Милошоски: Декларацијата на Бугарија не е проблемот

од Nikola Popovski
335 прегледи

„Во ВМРО-ДПМНЕ, сме имале борба против стигматизацијата на било кој сосед, посебно од Србија и Албанија“, изјави пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски за емисијата „Само интервју“.

Според него, на премиерот Зоран Заев поважна му била брзината на потпишувањето на Договорот за добрососедство од квалитетот на договорот и вели дека ова денес што го имаме се последици од брзање.

„Заев и Димитров тврдеа дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се решени сите прашања со Бугарија. Декларацијата на Бугарија не е проблемот, туку тоа што во самиот договор во членот 2 стои дека има обврска Бугарија да ја поддржи поканата на Македонија за членство во НАТО, а во однос на ЕУ пишува да го сподели своето искуство за ние да бидеме членка. Тие уште тогаш имале планови да не блокираат“, додава Милошоски.

Слични содржини