277
Непожелниот за Вашингтон, шверцуван во Њујорк, вели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски за назначувањето на професерот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.
-Таква незаконитост е и указот на Пендаровски со кој Фрчкоски се упатува за амбасадор во Обединетите Нации, без да се исполнат условите пропишани во чл.39 од Законот за надворешни работи. Прескокнувајќи го Собранието, како единствен контролен механизам на извршната власт, претседателот Пендаровски покажа дека долгот кон владата на СДСМ/ДУИ му е побитен од демократските процедури, смета Милошоски.