Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се приклучи на државниот врв во осудата на потегот на Русија за признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск.
-Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина, како членка на ОН, ја споделува позицијата на ЕУ, базирана на меѓународното право. Наместо ескалација на конфликтот неопходни се дипломатски напори за преговори врз основа на обврските од Договорот од Минск, напиша Милошоски на Твитер.
Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина, како членка на ОН,ја споделува позицијата на ЕУ, базирана на меѓународното право. Наместо ескалација на конфликтот неопходни се дипломатски напори за преговори врз основа на обврските од Договорот од Минск pic.twitter.com/aQsuGNiO6z
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) February 22, 2022