Милошоски: Ќе му израмнам на Ѓорчев ако ме предизвика во 2019-та

од desk4
93 прегледи

 Антонио Милошоски за Фактор зборува дали ќе се кандидира за претседател во 2019.

–  Не сум размислувал се уште за тоа дали да се кандидирам, иако тоа би било голем предизвик во 2019-та, вели тој.

– Посебен таргет во 2019-та ќе ми биде работењето на одредени министри за кои мислам дека остваруваат многу слаби резултати. Ревносно ќе барам нивна промена ако продолжат да „остваруваат“ вака како што тргнале, најави Милошоски.

Влатко Ѓорчев има четири деца, со што неговото последно дете Катерина дојде на свет во 2016-та, па Милошоски на шега вели дека во 2019-та има шанси да продолжи нивниот „натпревар“.

– Јас секако нема да го предизвикувам, немам таква намера, но ако Влатко прв повлече потег, ќе размислам дали да му израмнам – вели Милошоски.

Посакува да завршат политичките поделби по секоја основа.