Пратеникот на ВМНРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, објави дека не е усвоена Декларацијата поднесена од опозицијата за одбележување на настани по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
„На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена“, информираше Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа владејачката СДСМ да ја поддржи Декларацијата со која во 8 точки се афирмираа заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев.
Според владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со Декларацијата за Делчев сака да нанесе штета на ликот и делото на великанот.
-Декларацијата е нивно политичко подметнување со цел да се продлабочат поделбите меѓу граѓаните. Ваквото политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес покажува дека нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за цел градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете земји, сметаат од СДСМ.