Милошоски не исклучува повторна соработка со Алијанса за Албанците: „Целта нѝ е да ја срушиме власта“

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Во Собранието со пратениците на АА имаме коректна соработка и секогаш сме имале координација особено за теми кои се од интерес на граѓаните. Во повеќе општини во цела држава имаме продуктивна соработка со нивните советници и се надевам истата ќе продолжи, вели за Дневникот на Сител пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Во соработката, според него, има подеми и падови но сигурен е доколку вистинската цел на АА, ВМРО-ДПМНЕ и на цела опозиција е дека главните проблеми во државата доаѓаат поради неуспешната влада, „нас ни е целта е да се сруши власта“.

– Сметам дека во тој поглед ќе најдеме начин како да бидеме прагматични и да имаме и сега и во иднина да имаме плодна соработка, додава тој.

Слични содржини