Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антоијо Милошоски повторно зборуваше дека Талат Џафери според нив е нелегитимен претседател на Собранието и дека неговата партија за стабилна и унитарна Македонија

„Процедурите во Собранието не се должни да ги штитат луѓе кои не се дел од Собранието“, изјави пратеникот Антонијо Милошоски од пред Законодавниот дом. На новинарско прашање што за него значи поддршката на САД, ЕУ, и други европски држави за Талат Џафери, Милошоски без конкретен одговор.
Според Милошоски „Стабилна РМ значи стабилни политичари и политички партии кои ќе го почитуваат Уставот и законите“. За наредните чекори рече дека ќе известат по координација.
Сепак Милошоски, кој беше придружуван од други колеги од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не одговори зошто се во кабинетот на Трајко Велјановски.