Милошоски објави извадок од предлогот за преговарачката рамка на ЕУ: Сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови

од Берта Китинска
216 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дел од преговарачката рамка на Европската унија (ЕУ).

Милошоски смета дека Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси.

„Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:

1. Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.

2. На Македонија И се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

3. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година, пишува во објавата Милошоски.

Слични содржини