Милошоски: Oсмани има законска должност да објасни за што се преговара во Софија

од Nikola Popovski

„Министерот за надворешни работи, Бујар Османи може во МНР да го покани Никола Димитров за да имаат подобра координација, може да го покани Артан Груби или може да го покани Зоран Заев за да си разговараат за коалиционите работи, но како избран од Собранието на Република Македонија, министерот Османи законски има должност пред Собранието да се појави тој и на пратениците како народни избраници да им објасни за што тајно се преговара во Софија и кој го овластил Бучковски да преговара нови анекси на Договорот со Бугарија“, вака пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, одговори на новинарско прашање откако министерот Османи изјави дека МНР е отворено и дека ако партискиот лидер Мицкоски или некој од опозицијата сака да се информира може да дојде во министерството и да добие информации за овој договор.

Тој потенцира дека блокадите што ги организира ВМРО-ДПМНЕ имаат една причина, а тоа е „нетранспарентноста на власта и тајните преговори кој што двоецот Заев-Бучковски ги води со официјална Софија“.

„Очигледно е дека Заев лажел, Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои што Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ“, потенцира Милошоски.

Втор ден по ред продолжуваат протестите на најголемата опозициска партија. Тие ги блокираат трите најголеми раскрници во главниот град, како и организираат блокади во уште десетина други градови низ земјата.

 

Слични содржини