Милошоски: По неколкудневни протести на опозицијата, Османи реши да реферира пред пратениците за преговорите со Бугарија

од Vladimir Zorba
255 прегледи

На 11-ти јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен да реферира пред пратениците за контраверзните преговори што двоецот Заев-Бучковски ги води со Бугарија, сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Да потсетам, пред цели 6 месеци, на 16-ти јануари истата оваа влада усвои заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план кој го преговараат со Бугарија, но досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија. Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците.

Затоа, како претседател на Комисијата за надворешна политика ќе ја закажам седницата за среда во 15 часот, на која министерот Османи ќе треба да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот кој Заев и Бучковски го преговараат со Софија.

И второ, протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат во понеделник и вторник пред МНР од 17 до 19 часот“, вели Милошоски.

Слични содржини