Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата напишаа писмо до премиерот Димитар Ковачевски за да се обрати во македонското Собрание и пред пратениците да ги сподели нацрт документите кои што се договараат на релација Скопје-Софија, тој се уште нема одговорено, ниту писмено ниту усно.Според нашите информации што ги имаме од дипломатски извори, има еден подготвен нон пејпер кој што циркулира на релација Министерство за надворешни работи на Македонија и МНР на Бугарија, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
– Но, сега за сега, тој се држи во тајност и не се споделува со македонските пратеници. Инаку, како што гледаме во официјална Софија имаат чести координации кај претседателот Радев и нивните политичари се запознати за тоа што се разговара со Македонија. За жал, пратениците во Македонија не се запознати и дознаваме од извори во Бугарија, посочи Милошоски.