Милошоски: Потребен е закон за Уставен суд

од Берта Китинска
234 прегледи

Во Македонија е потребен закон за уставен суд и таквиот закон треба да биде поддржан од сите пратеници, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Милошоски како пример за криење, наведе дека во мај 2020 година стигнало писмо од извесна Антоанета Димовска со 25 години судски стаж до Собранието, до Комисијата за избори и именувања и пратениците, со напомена дека треба да стигне до сите пратеници, но таков документ пратениците не добиле.

– Доколку биографијата ја добиеле пратениците од ВМРО, од СДСМ, од ДУИ, од независните пратеници, можеби некој ќе се заинтересирал и ќе дадел предлог. Но, очигледно е дека овде предлозите не се создаваат во Собрание, ниту пак биографиите кои толку многу сега ги величиме како да објаснуваат сѐ во животот на еден човек стручно или приватно – не се ценат. Нејзината биографија е фрлена во корпа, а е стигната, го имаме и архивското бројче и датумот кога е дојдена. Секој претседател на работно тело е должен, секој материјал кој ќе стигне до него, а не е личен, приватен материјал и се однесува на Собранието и пратениците мора да го сподели со пратениците, кажа Милошоски.

Слични содржини