Пратеникот Антонио Милошоски изјави дека трагедијата во Кочани не треба да се разгледува само според последиците, туку и според причините, посочувајќи на системската корупција како клучен фактор. Тој во гостувањето на Дневникот на телевизија Алсат М, ја поздрави проактивноста на истражните органи, за разлика од претходни случаи како „Беса Транс“. Во врска со иницијативата на ДУИ за Анкетна комисија, посочи дека не добила доволна поддршка.
За стабилноста на Владата објасни дека не е загрозена, и покрај одредени тензии во коалицијата „Вреди“.
„Прво, не сме задоволни што има вакви турбуленции во коалицијата „Вреди“, ние би биле многу посреќни ако тие успеат да ја задржат својата политичка компактност. Бидејќи, таа политичка компактност беше еден силен адут за да ја добиеме заеднички довербата од гласачите, а таа доверба беше, ново парламентарно мнозинство да раководи со државата и да ги поправи грешките на СДС и на ДУИ, којшто добија порака дека треба да бидат во опозиција. Истовремено, не можеме на ниеден политички субјект да му сугерираме како размислува да настапи или да не настапи на локалните избори“, истакна Милошоски.